Крвава битка за Бахмут, Украинците најавуваат повлекување

by Фокус

Украинските сили се уште држат позиции во разурнатиот Бахмут, но се под постојан напад на руските војници кои сакаат да ја постигнат својата прва голема победа по повеќе од половина година, пренесува Ројтерс.

Русија смета дека заземањето на Бахмут ќе го отвори патот за целосна контрола врз остатокот од стратешкиот индустриски регион Донбас, кој граничи со Русија, што е една од главните цели на инвазијата што започна на 24 февруари минатата година.

Украина, пак, оценува дека Бахмут има ограничено стратешко значење, но и покрај тоа пружа жесток отпор.

Серхи Рахманин, пратеник во украинскиот парламент, смета дека одбраната на Бахмут не може да продолжи бесконечно.

-Верувам дека порано или подоцна веројатно ќе треба да го напуштиме Бахмут. Нема смисла да се држиме за тоа по секоја цена – изјави тој.

Битката за Бахмут започна пред околу седум месеци, но во последните недели Русите напредуваа на три страни, оставајќи ги украинските бранители со излез на запад.

Во уништениот Бахмут, кој пред војната имаше околу 70 илјади жители, останаа околу илјада цивили.

Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека Украина дава силен отпор кај градот Бахмут. Како што рече, Украинците даваат ужасно жесток отпор.

-Украинската армија вбризгува дополнителни резерви во Артјомовск и со сите сили се обидува да го задржи градот. Десетици илјади борци на украинската армија пружаат исклучително жесток отпор. Битките од ден на ден стануваат покрвави – рече Пригожин.

Александар Родњански за Си-Ен-Ен изјави дека Русите се обидуваат да ја изведат операцијата со помош на платеничката група Вагнер.

Според него, украинските војници ќе бидат принудени да се повлечат или на „стратешко предавство“ доколку се процени дека цената да се задржи Бахмут е превисока.

Поврзани новости