Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.
Како што се наведува, „во моментот на нападот децата се движеле покрај патот и носеле бадникови гранчиња кога напаѓачот отворил оган врз нив“.
„Се здобиле со прострелни рани, едното момче било застрелано во раката, а другото во рамото, а само од чиста среќа не биле повредени или животно загрозени – наведуваат од Канцеларијата.
Во него се вели и дека тие „во моментов се транспортираат во Клиничкиот болнички центар во Грачаница каде ќе ја добијат најдобрата можна нега“.
„ Станува збор за очигледен обид за убиство на невини српски деца кои им пречеле само затоа што носеле бадниково гранки и со тоа јасно покажале дека се Срби. Иако неколку очевидци ја виделе регистрацијата на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила возилото – се наведува во соопштението.
Се додава дека „овој напад е директна последица на антисрпската политика на Албин Курти, кој со своето однесување и постапки ги охрабрува сите оние кои сакаат српска крв, дури и на Божиќ“.
Бараме итна и одлучна реакција од меѓународната заедница, а Канцеларијата за Косово и Метохија на семејствата и на повредените ќе им ја пружи сета потребна помош – се вели во соопштението.
Напаѓачот е уапсен
Косовската полиција соопшти дека привела осомничен за ранување на момче од Србија и млад човек кај Штрпце.
Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, подрачната полиција Урошевац собрала информации на терен, го идентификувала и потоа го уапсила осомничениот А.К на возраст од 33 години“.
Осомничениот е под надзор на Урошевачката полиција, односно Подрачното одделение за истраги за други истражни дејствија“, се наведува во соопштението.
Косовските медиуми јавија дека осомничениот бегал со автомобилот 20 километри, но е уапсен во местото Превалц.
Фото: Слободен Печат