432
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави во Истанбул дека во експлозија на автомобил-бомба на југоистокот на Турција загинале 18 лица, а 26 се ранети.
Тој го осуди нападот и нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот.
Нападот го изврши бомбаш-самоубиец кој крена во воздух комби со пет тони експлозив во близина на воен пункт – изјавил Јилдирим.
Во нападот кој се случил во покраината Хакари биле ранети 10 војници и 16 цивили.