Крвава драма се одвивала денеска околу 14 часот во тетовското село Челопек.
Според информациите што ги пренесе телевизија Сител од местото на настанот, 60 годишниот Илми застрелал свои роднини. Убил татко и син, а тешко го повредил нивниот брат, односно чичко.
На пукотниците, според информациите, претходела кратка расправија пред домот на Фарук и Муамедин, па нивниот братучед Илми ги застрелал со пиштол. Причината за реакцијата на Илми наводно е изградба на куќа од братучедот, која му пречела.
Пукал и кон нивниот брат, односно чичко.
Кратко по трагедија Илми бил приведен, а од полицијата информираат дека и тој имал повреди од огнено оружје.
Жителите на ова село раскажале дека подолг период имало нетрпеливост меѓу братучедите и дека убиените живееле во Швајцарија и Германија, а во Македонија биле дојдени за новогодишните празници.