Амбасадата на Украина во Атина, рано утрово примила крвав коверт, а според портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко, адресата на испраќачот е идентична со онаа на ковертите испратени до останатите амбасади и конзулати низ светот, јави дописничката на МИА од Атина.
Николенко на Фејсбук објави дека досега се регистрирани 33 случаи на закани во 17 земји, од кои 28 се со крвави пакети, а испраќачот во сите земји е ист: автосалонот на Тесла во германскиот град Синделфинген.
Додаде дека грчката полиција започна истрага, но и дека очекуваат забрзување на истрагата од германските власти.
– Како што рече Дмитро Кулеба, колку и да се обидуваат непријателите да ја заплашат украинската дипломатија, нема да успеат. Работиме за победа, напиша порпаролот на украинското МНР.