467
Едно лице загина, а седум се повредени денеска при оружен напад на фестивал на отворено во источната американска држава Оклахома, соопштија локалните власти.
Во соопштението на Државното истражно биро на Оклахома се наведува дека меѓу луѓето врз кои е отворен оган во близина на Тафт има двајца малолетници.
Никој досега не е уапсен, објавија медиумите. На настанот по повод Денот на сеќавањето присуствувале околу 1.500 луѓе. Засега нема информации за здравствената состојба на повредените