Крузер со 800 заразени патници со ковид се закотви во Сиднеј

by fokus

Брод за крстарење со неколку стотици патници заразени со корона вирусот се закотви во Сиднеј, а австралиската министерка за надворешни работи Клер О’Нил денеска објави дека протоколите за ковид се соодветни.

Бродот за крстарење се закотви во Сиднеј, а на него имало околу 800 луѓе, од кои повеќето биле позитивни на корона вирусот, соопшти компанијата „Карневал Австралија“, пренесува Ројтерс.

Здравствените власти на државата Нов Јужен Велс објавија дека заканата е „трето ниво“, односно дека постои висок ризик од зараза.

На патниците им била укажана соодветна медицинска помош.

Поврзани новости