Крушевска фирма незаконски одгледувала марихуана, одземени се над 18.000 растенија

by Фокус

Прилепската полиција до обвинителството поднесе кривична пријава поради сомневање дека лицето К.Б.(36) од Скопје, управител на фирма за производство на маслени екстракти од канабис за медицински цели од Крушево, го прекршил Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци

„На 20.12.2020 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и членови на владина Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, бил извршен вонреден инспекциски надзор и увид во правниот субјект, при што било констатирано дека во правниот субјект биле засадени растенија канабис во различна вегетативна фаза за кои не е затекната документација за евиденција“, велат од МВР.

По дадени насоки од Комисијата, сите простории на правниот субјект се пломбирани и изречена е забрана за вршење какви било активности во однос на одгледување на канабис за медицински цели.

„При претресот, од правниот субјект се одземени 18.301 растенија канабис кои биле спакувани во 247 вреќи, компјутерска опрема и документација поврзана со работењето на правниот субјект. Ден претходно врз основа на наредба од Судија на претходна постапка издадена од Основен кривичен суд Скопје 1 извршен е претрес и во седиштето на правниот субјект во Скопје, при што е одземена документација и компјутерска опрема, поврзана со работењето на правниот субјект“, информираа од МВР.

Поврзани новости