Крушево развива планински велосипедизам, светски првак го скенира теренот

by fokus

Швајцарски експерти, предводени од неколкукратниот шампион по планински велозипедизам Ралф Неф ќе изработат мастер-план за изградба на велосипедски патеки во Крушево,со цел развој на планинскиот велосипедизам.

Бизнисменот Кочо Стојчевски, иницијатор на проектот, кој е поддржан и од швајцарската амбасада, рече дека целта е Крушево, покрај параглајдерството да стане препознатливо и по планинскиот велосипедизам.

-Тимот од Швајцарија два дена го испитуваше теренот и дома треба да изработат мастер-план за изработка на велосипедски патеки, што ќе привлече љубители на овој спорт и туристи-рече Стојчевски, додавајќи дека во Крушево во крајна фаза е изградба и на адреналински парк, кој вклучува и зиплајн.

Швајцарската амбасадорка Сибил Зубер истакна дека Крушево има големи потенцијали за развој на планински велосипедизам и други спортови, што според неа е исклучително важно во период на пандемија.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости