465
Градот Крушево години наназад е „мета“ на параглајдеристите, кои во текот на летото престојуваат во овој град.
По неколку шампионати се организираат во Крушево во текот на целата година, а според „АВЕ 365“, ова историско гратче е сместено во едно од најдобрите места за развивање на овие спортови.
„Со мешавина од рамен и планински терен, Крушево е едно од најдобрите места за параглајдеристите. Повеќе искусни летачи уживаат при летањето над Крушево, и затоа градот беше домаќин на Европско првенство во 2016 година“, пишува сајтот.
Фото – Pictureboss