Ако до минатиот октомври, Крушево немаше ниту еден заболен од корона вирусот, ситуацијата неколку месеци подоцна во градот е крајно сериозна.
Како што не информираа од ЦЈЗ Прилеп, од почетокот на пандемијата се регистрирани 343 заболени со 24 смртни случаи. Што се однесува од почетокот на оваа година, регистрирани се вкупно 176 инфицирани од корона вирусот, а починати се осум лица.
„Леталитетот (бројот на умрени на 100 заболени) е највисок во Македонија – 7,1%. Во моментов активни се 93 случаи. Во претходната недела пријавени се 36 новозаболени, а во последните 3 дена (8,9,10 март) се 38 заболени. Присутен е тренд на пораст од 24.5% во последниот двонеделен период, во однос на претходниот – од 20 заболени во период од 08.02. -21.02.2021г. на 69 во период од 22.02. – 07.03.2021г. Додека од заболените во претходната година најмногу беа на возраст над 60 години (32,3%) и од 50-59 години (23,4%), во овој епидемиски бран возраста над 60 години помалку е застапена (23%), од 50-59 години се 33%, од 40-49 години-21,5%, од 30-39 години – 4%, од 20-29 години-13,7%“, ни истакнаа од ЦЈЗ Прилеп.
Јорданчо Цветаноски