„Крушево е поубаво пеш…кога ве водат домаќините“ e настан кој ќе се одржи на 30-31.07.2016 година (сабота и недела) во Крушево.
Настанот организиран од FINANCE THINK – Институтот за економско истражување и политики и „Крушевска жена“, промовира нови прошетки и искуства кои ќе ве однесат во скриените тајни на Крушево, ви овозможуваат да бидете „собирач“ на тревки и шумски плодови, да дознаете како се одгледува аронија и да ѕирнете во мистичноста на црквите и влашката традиција.
Преку посета на турите ја поддржувате мисијата на Здружението „КРУШЕВСКА ЖЕНА“: да се подобри животниот стандард на жените и да се зголеми вклученоста и родовата еднаквост преку јакнење на нивните капацитети, поттикнување женско претприемништво и негување на традиционалните вредности.
Официјалното отворање е закажано за 30 јули 2016 година, во 09:50 часот, пред хотел Монтана, Крушево. На ботаничката прошетка ќе присуствува и американскиот амбасадор Џес Л. Бејли.