440
Крушевчанка по полноќ се породила во својата куќа, но набрзо живороденото бебе починало, информираат од МВР. Случајот во полиција го пријавила екипа на Брза помош, која била повикана да интервенира.
Јавен обвинител наредил обдукција која треба да ги покаже причините за смртта на бебето.
-На 04.05.2019 година во 01,30 часот во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево било пријавено дека во куќата на Н.П.(29) биле повикани за укажување лекарска помош, откако таа во домашни услови се породила и по нејзино кажување, бебето се родило живо, но по кратко време починало. Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обукција. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.