Крушевчанец осомничен за грабежот на банката во градот

by Frosina Fakova

Педесет и едногодишен крушевчанец е осомничен за грабежот на банката што беше пријавен вчера попладне. Според пријавата, непознато лице со закана со пиштол украло пари од вработени во банката.

– По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во дом и помошни простории кои ги користи Т.С.(51) од Крушево, а Т.С. бил приведен во полициска станица во врска со случајот, се наведува во полицискиот билтен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости