Кругман до Владата: Поправете ги патиштата ако сакате повеќе инвестиции

by Fokus

Патиштата ви се лоши, поправете ги! Ова е пораката на нобеловецот Пол Кругман, откако со автомобил ја помина релацијата Скопје – Охрид. Смета дека локацијата е добра, но за повеќе инвестиции и побрз раст, неопходни се инвестиции во патната инфрструктура.

– Ако сакате инвестиции од Холандија, Германија, мора да работите на патната инфраструктура. Таа е најважна, истакна Пол Кругман, американски економсит добитник на нобелова нагрда во 2008.

Добрата вест од Кругман е дека инфлацијата нема долго да трае, ќе се стабилизира до крајот на годината. И ако има рецесија, последиците нема да бидат толку големи како во минатото. Сепак, ефектите од растечките цени на храната и енергенсите ќе бидат болни за сите.

– Инфлацијата има високи стапки. Зборуваме за навистина прегреани економии. Пред некое време инфлацијата беше задржана само на одредени стоки, но сега гледаме дека таа се проширува. Добро е што економиите се жешки, но сега мислам дека е значајно тие да се оладат. Многу е важно да има еден период во кој економиите ќе растат побавно отколку нивниот производствен капацитет. Мора да се отстрани таа прегреаност. Дали ќе има рецесија во техничка смисла. Одговорот на тоа прашање е нејасен. Се разбира дека има можност за период на бавен, но не толку негативен раст и развој, рече Кругман.

За да се заузда инфлацијата, неопходно е монетарната власт да реагира со зголемување на каматите. Потегот на ФЕД се покажа како успешен, сега и ЕЦБ ќе го следи примерот. Властите пак, кај нас, преку фискалните политики успеаја да обезбедат ликвидност. Најавите се дека задолжувањето во иднина ќе поскапи.

– Сега условите се различни од гледна точка на меѓународниот пазар, цените на производите се прелеаја и во националните економии, а покрај повисоките цени не загрижуваат и други прашања, како трговијата и потрошувачката. Некои централни банки веќе најавија построги правила што значи дека и цените на финансискиот капитал ќе се зголемат, истакна Фатмир Бесими, министер за финансии.

Предизвиците се големи, но Владата добро се справува, смета премиерот Ковачевски. За да се заштити стандардот на граѓаните, ќе се позајмуваме поевтино.

– Дефинирани се поволни извори на финансирање, за одговор на кризата, истовремено внимавајќи на зачувување на фискалната одржливост, гарантирана е редовна исплата на платите, пензиите, социјалната помош, како и сервисирање на обврските на државата, изјави Димитар Ковачевски, премиер.

По економската стабилизација зелената агенда треба да биде приоритет, смета Кругман. До сега немало политичка волја да се искористат потенцијалите и затоа многу малку се инвестирало.

Поврзани новости