Крстосницата кај Собрание затворена за сообраќај до понеделник

by fokus

Утрово од 6 часот, па се до понеделник (12.10.2020 година) во попладневните часови, целосно ќе биде затворена за сообраќај крстосницата кај Собранието, односно крстосницата меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев, поради изведување градежни работи, информираат од Град Скопје.

За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11 Октомври и десното вртење од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски.

Автобускиот превоз ќе се движи по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски.

Поврзани новости