Со 55 гласа „за“ собранието го изгласа Крсте Шајноски за претседател на Советот на Агенцијата за супервизија и осигурување.
Шајноски беше предложен од Владата во ноември, по истекување на мандатот на неговиот колега Климе Попоски. Инаку Шајноски на оваа позиција доаѓа од Институтот за бизнис и економија.
Пратеничката Лилјана Кузмановска на говорницата во Собранието го запраша Шајноски од каде му е мотивот да биде раководител на оваа институција, кога во минатото бил дел од приватниот сектор.
„Шајноски велеше, дека не е престиж еден експерт да се остварува во државна администрација. Не сакам да навлегувам во неговото CV, но ме интересира зошто одеднаш му стана примамливо да стане дел од ова регулаторно тело?!“, изјави Кузмановска.
На ова пратеникот Костадин Ацевски од владејачката СДСМ рече дека нема потреба да се дига прашина, бидејќи и тие во минатото поставиле голем број партиски експерти.
Покрај Шајноски, бил избран и Злате Симоновски како член на советот на експерти на ова регулаторно тело.