Крсте е нашата ѕвезда – Вевчани е гордо на репрезентативецот Велкоски

by Fokus

Вевчанци со желби за успех, не криејќи ја гордоста, го испратија на ЕП нашиот репрезентативец Крсте Велкоски (33), кој е по потекло од Вевчани. Крсте, кој е дел од нашата фудбалска репрезентација, игра како напаѓач за босанскиот премиерлигаш Сараево.

Пред неколку дена босанските медиуми објавија дека тој ја продолжува соработката со Сараево и го продолжил договорот за уште две години.

На социјалните страници посветени на Вевчани, сограѓаните на Крсте оставаат пораки со желби за успех на првенството, среќни што имаат, како што пишуваат, своја ѕвезда на ЕП. Македонската фудбалска репрезентација вчера пристигна во Букурешт, каде на 13-ти јуни ќе дебитира против Австрија.

Фото- ФФМ

Вики Клинчарова

Поврзани новости