Владата ја донесе најавената одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот во земјава.
Министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека килограм домати и краставици ќе чинат максимум по 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95 денари.
Напомена дека кромидот поскапува за 10 денари и ќе се продава за 70 денари, а само леќата, според министерот, ќе биде над 100 денари – таа ќе се продава по 110 денари за килограм.
Одлуката предвидува килограм банани да чини до 75 денари, килограм портокали 60, мандарините да се продаавт до 65, а лимоните до 60 денари за килограм.
„Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни“ рече Бектеши.