Зголемена е цената на кромидот, на Градскиот пазар во Штип се продава по цената од 60 до 80 денари за килограм. Купувачите велат дека зголемување на цената забележале од пред неколку дена. Димче Колев раководител на Градскиот пазар во Штип за МИА потврдува дека цената на кромидот е зголемена веќе втора недела и се продава од 70 до 80 денари за килограм во зависност од големината и квалитетот.
-Причината за зголемувањето на цената на кромидот според земјоделците и продавачите, кои имаат закупено тезги на Грдаскиот пазар е заради тоа што го нема во доволни количини. Ваквата цена се очекува да биде и во април и почетокот на мај, кога се очекува да излезат и првичните количини на кромид од наше македонско производство, вели Колев.
Претходниот петок на пазарот во Штип имаше високи цени на доматот и краставицата, но енормно висока цена од тогаш достигна кромидот.
Од Владата деновиве изјавија дека се уште не се направени анализи на цените на земјоделските производи, но дека е можно замрзнувањето да опфати и некои од овие култури.