Тинејџер, кој бил принуден да се евакуира од поплавената австралиска држава Северната Територија, покрај сите неволји доживеал и напад од крокодил.
Крокодилот го каснал за ногата, а младиот човек бил пренесен во локалната клиника, јави БЦЦ.
Припадниците на австралиската армија беа испратени во поплавеното подрачје за да му помогнат на загрозеното население.
Министерката за локална самоуправа, Ченси Пич, рече дека 700 луѓе биле евакуирани од оддалечената област, вклучително и 35 лица на кои им била потребна медицинска помош.
Најголем број луѓе се евакуирани од градот Калкаринџи, на околу 770 километри јужно од градот Дарвин, откако реката Викторија се излеа од коритото по обилните дождови.
Портпаролката на министерот Пич предупреди дека поплавите носат дополнителни ризици, како што е масовното појавување на крокодили.