Пратеникот на Левица, Борислав Крмов единствен побара збор на денешната собраниска седница. Се пожали дека собраниското мнозинство уште на стартот ја оштетило Левица.
„Левица како партија е четврта политичка сила во Собранието, по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но веќе во старт ова собраниско мнозинство ја оштети нашата партија со неизбор на наш член во Верификациската собраниска комисија, рече Крмов.
На тоа му возврави Mерита Колчи Коџаџику од коалицијат вреди, која како највозрасна пратеничка ја води седницата.
„Тоа беше одлучувано во кооординација со претставниците на политичките партии. Јас ги читам имињата како ми се дадени“ – рече таа.
На гласањето, само пратениците од Левица гласаа против изборот на Верификациската комисија.
Беше усвоен предлогот со кој Дафина Стојановска е претседателка на Верификационата комисија, а членови се Благица Ласовска, Даниела Николова, Беким Сали и Дијана Тоска.