Крмов: Ние одиме сами против сите и ќе растеме

by Fokus

Борис Крмов од Левица во емисија на ТВ24 рече дека на претседателските избори биле со кандидат кој не е член на Левица, а кој што го поддржале.

Гласачкото тело сфаќа дека во моментов Левица нема доволно сила да има нејзин градоначалник или претседател, смета тој.

– Левица сака да биде во советите и Парламентот. Очекувам дупло поголем резултат. Тоа е борбата, сакате антиестаблишмент, антисистемска партија и ние одиме сами против сите. Две години сме во медиумска блокада. Истите медиуми кои нас не блокираа, го бутнаа Максо, сами против амбасадите и тој балон од ЗНАМ што е сега создаден и ние ќе почекаме уште еден изборен циклус, да пукне. Ние ќе бидеме тука, ќе растеме, додека не се создадат услови и критичка маса за конечно да победиме – рече Крмов.

 

Поврзани новости