Крмов бара од Мицкоски да даде заклетва без Северна

by Fokus

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на собраниската седница го повика мандатарот Христијан Мицкоски да даде заклетва без „Северна“.

„Секогаш кога ќе има лоша влада на СДСМ, доаѓа ВМРО и обратно и, за жал, мандатаре, Вам Ви се обраќам, уште во старт ретириравте на неколку полиња! Прво и основно ретериравте кај придавката Северна и рековте дека сега ќе го изговарате, наводно, новото име. Во една емисија рековте дека дури и мандатот ќе го жртвувате – Вие новата придавка не сакавте ни да ја ословите која е, викавте дека нема да ја изговорите, а сега тврдите и сами кажавте дека ќе дадете заклетва со таа придавка. Еве, јас ве повикувам, да не испадне дека го кршите зборот, имате време да си дадете оставка, па да си останете на зборот – истакна пратеникот од Левица – Борислав Крмов.
​Тој потсети дека едно од големите ветувања на ДПМНЕ беше дека ДУИ ќе оди во опозиција.

– Го факторизиравте ДУИ. Ветувавте дека ДУИ нема да биде фактор и кога дојдовме за гласање на Законот за организирање на државната управа, кога ви требаше две- третинско мнозинство, седнавте со ДУИ и се договоривте. Следуваат измени и дополнување на Законот за локална самоуправа, исто, закон, којшто се носи со две -третини и за којшто е потребно дури и Бадентерово мнозинство, така што уште повеќе ќе влезете во договор со нив, а бесрамно лажевте пред изборите дека Левица работела со ДУИ! Вие не издржавте ни влада да формирате и веќе ги факторизиравте. Народот не е наивен. Сигурно, не се работи тука за пазарење за некоја комисија во Собранието за правична застапеност и слично. Моја претпоставка е дека ДУИ преговара да си ги спаси своите функционери од прогон. Вие, како викавте, ја споредувавте таа партија со рак – рана, криминално здружение и слично, за сега со нив во прв момент да се здружите уште пред да имате влада. И, еве, мое мислење е дека во тој табор како и до сега нема да има никакви пријави и апсења. Значи, народот да не очекува – објасни Крмов.

Поврзани новости