На општинската компанија на КРК „Векла“ и е овозможено да воведе систем за наплата на тушеви на јавните плажи, пренесува Нови лист.
На седниата што се одржа оваа недела советниците на Градскиот совет на град Крк расправаа за повеќе теми, меѓу кои и предлогот на Одлуката за давање согласност на Општите услови за давање услуга за користење на јавни тушеви на градскиот плажи.
Оваа одлука му овозможи на комуналното претпријатие Крк „Векла“ да воведе систем за наплата на тушевите на јавните плажи, по цена од 20 центи за полминутно користење на тушевите.
Како што им рече на советниците директорот на Векла, Данко Милониќ, со колекторските системи летово ќе бидат опфатени шест тушеви на градските капалишта и додаде дека единствена и ексклузивна причина за враќање на наплатата е остриот скок на потрошувачката на вода, што се случи во последните лета по неможноста за фискализација претходно инсталираните уреди за плаќање мораше да се стават надвор од функција.
„Туш кабините сега ќе бидат опремени со уреди кои секоја нивна употреба ја регистрираат кај надлежните институции, а наплатата нема финансиски или профитабилен мотив, туку само желба да се намали непотребната и неконтролирана потрошувачка на вода, а со тоа и загадувањето на животната средина“, рече Милониќ.