Караванот на Кризниот штаб против референдумот синоќа имаше средби со граѓаните во општина Кавадарци, информираа од Центарот за комуникации на Кризниот штаб.
-На средбите граѓаните масовно порачаа дека со бојкот ќе го спречиме бришењето на се што е македонско и дека никој не може да ни го промени името и идентитетот. Капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ, нема да помине бидејќи народот масовно нема да излезе на референдумот и ќе бојкотира. Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени по секоја цена да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето. После неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен спрема граѓаните да излезат на гласање. Ова не е борба на партии или лидери, ова е борба за Македонија. Нашата борба е исправна, ние се бориме Mакедонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи беше истакнато на средбите, велат од Кризниот штаб против референдумот.