744
Жител на Крива Паланка доби кривична пријава откако се обидел физички да ја нападне сопругата, која била вратена од полицијата во неговата куќа.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Е.(45) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.11.2019 пријавениот во својот дом, по претходна расправија, ја избркал од дома неговата сопруга, по што од полициски службеници таа била вратена дома, но пријавениот упатувал закани и се обидел да физички да ја нападне со остар предмет“, соопштија од МВР.