Кривокапиќ утре ќе поднесе оставка?

by fokus

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за утре закажа итна седница на владата, со се уште непознат дневен ред, пишува подгоричкиот весник „Побједа“.

Повикувајќи се на информации од два владини извори, весникот пишува дека членовите на Владата за утрешната седница биле информирани телефонски.

-Вообичаено е поканата за седницата да се испраќа по електронска пошта, како и дневниот ред да се објавува на интерниот портал, но овој пат сето тоа изостана, изјави неименуваниот извор на весникот.

Втор извор, пак, додава дека причина за телефонското закажување на седницата треба да се бара во тоа што вчера во владата не функционирале мејловите и дека се очекува да се реши овој проблем.

Утрешната седница на владата ќе се одржи само два дена пред седницата на Собранието на која пратениците треба да гласаат за недоверба на актуелната извршна власт.

Весникот „Побједа“ пишува дека е обезбедено мнозинство од најмалку 44 пратеници за гласање недоверба на владата на Крипокапиќ. Владата вчера не се огласи по овој повод, но во собраниските кругови наводно се шпекулира дека Кривокапиќ утре би можел да поднесе оставка.

Поврзани новости