Кривокапиќ: Планирано беше да се предизвика хаос

by Fokus

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека во Цетиње, за време на устоличувањето на митрополитот црногорски-приморски на Српската православна црква Јоаникиј во Цетиње, било планирано да се воведе хаос и прекројување на изборната волја на граѓаните.

– Црна Гора беше во деликатна и сложена ситуација. Имаше природно стравување кај граѓаните за тоа како ќе заврши. Можете да видите дека овој настан не беше значаен од гледна точка на устоличувањето, туку повод за одредени структури кои припаѓаат на одреден дел на политиката која се обидува да ја преобликува изборната волја. Тоа беше момент во кој требаше да се случи дестибилизација, воведување неред и хаос, рече Кривокапиќ, пренесува Бета.

Поврзани новости