Кривокапиќ одбива да му ја предаде власта на Абазовиќ

by fokus

Поранешниот премиер на Црна Гора Здравко Кривокапиќ не му ги предаде должностите на новиот премиер Дритан Абазовиќ, пренесува „Вијести“.

Тој на Твитер напиша дека „предавањето на должностите на премиерот како протоколарен гест се практикува во услови на неоспорен легитимитет“.

– Примопредавањето на должностите на премиерот како протоколарен гест се практикува во услови на неоспорен легитимитет. Имајќи предвид дека имаме прекршување на уставните и деловните процедури, не сакам да му дадам легитимитет на очигледното кршење на демократските и правните постулати со симулирање на регуларност.

Оставив јасна порака во кабинетот за минливоста: Ќе помине!, напиша Кривокапиќ.

Поврзани новости