839
Триесет и шест годишен жител на Кавадарци доби кривична пријава поради предизвикување на големиот пожар во кругот на поранешната фабрика Охис во Скопје.
„Пријавениот на 05.08.2021 околу 16.30 часот, изведувајќи работни задачи во круг на поранешна фабрика во Скопје, без да преземе мерки за претпазливост, предизвикал пожар во депонијата во фабриката, при што се опожарени нискостеблести растенија, административната зграда на поранешна фабрика, трафостаница, товарно возило, празен резервар за вода и магацин за алат“, велат од полицијата.