Кривичниот суд повторно го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да го замрзне партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Од СЈО за „Фокус“ ја потврдија информацијата дека пристигнало известување според кое барањето за случајот „Талир“ се одбива.
Според известувањето, оваа одлука најпрвин ја донела судија на претходна постапка, а истата ја потврдил и Кривичен совет.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е првоосомничен во новиот предмет што го отвори СЈО под кодното име „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластвување.
Од СЈО додаваат дека се уште не добиле известување по нивното барање за замрзнување на имотот и на првоосомничениот во случајот „Триста“, кој е за набавката на 300 возила во МВР.