Кривичниот суд ја одби жалбата на Артан Груби да му се укине притворот

by Fokus

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби, кој е недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка.

Инаку на 17.12.2024 година Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против две лица, поврзани со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“, а по добиено известие од МВР дека истите се недостапни за органите на прогон донесе решение со кое го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена која започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Поврзани новости