Кривичниот суд го чека барањето за екстрадиција на Морина

by Fokus

Барањето за екстрадиција на Томор Морина, денеска се очекува да стигне до Кривичниот суд. 

Министерството за правда ги подготвува документите, по кои, судот ќе треба да одлучи дали поранешниот припадник на Ослободителната војска во Косово ќе и биде испорачан на Србија, која го бараше преку Интерпол, бидејќи го сомничи за воени злосторства.

Косово не дозволува екстрадиција, со образложение дека тој е косовски државјанин и се закани дека ако Македонија го испорача на Србија, ќе има последици. Србија пак, потенцира дека ако Морина не и биде испорачан, тоа ќе значи кршење на меѓународното право.

Дел од македонските функционери од албанскиот блок пак, како Бујар Османи, во неколку наврати повторија дека нема шанса Морина да биде екстрадиран. Кривичниот суд дополнително ќе треба да одлучи и по неговата жалба, со која се бара додека трае постапката за екстрадиција, наместо во притвор, Морина да се брани од слобода.

Поврзани новости