488
Кривичниот суд ќе ја користи големата сала на Врховниот суд за судењата за случајот „Диво насеље“ каде има многу обвинети и адвокати и голем интерес на јавноста.
Иако претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, соопшти дека не може да се користи оваа сала бидејќи била наменета за свечености, сепак салата е дадена на користење со одлука на Владата потпишана од вицепремирот Зоран Ставревски на 17 мај.
Салата му се дава на Судот на користење во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука, два дена откако ќе биде објавена во Службен весник.