Кривична за рамазанското оро во Чаир

by Frosina Fakova

Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава против пет лица,П.Ќ. (50), А.З. (46), Е.Е. (36), Е.Е. (57) и Б.Д. (28), сите од Скопје,бидејќи на 24 мај, кога муслиманите го празнуваа празникот Рамазан Бајрам играа оро во скопската населба Чаир. Иако беше забрането групирање заради пренесување на заразата со новиот вирус Ковид 19, осомничените биле празнично расположени и во поголема група играа оро. Снимката се прошири на социјалните мрежи за време на полицискиот час, којшто тој ден почна од 11 часот.

МВР ги товари лицата дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– По преземените мерки за идентификување на лицата од видео записот, утврдени се сите петмина пријавени и се повикани во Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар за да дадат појаснување за стореното кривично дело кое им се става на товар при што само Б.Д. го негирал извршувањето на кривичното дело, се вели во соопштението од МВР.

Поврзани новости