Кривични пријави за 20 наставници и уште една вработена во основното училиште „Кузман Шапкарев“ во сопската населба Драчево поднесе Министерството за внатрешни работи, затоа што им изготвиле сведителства на четворица ученици кои подолго време биле отселени од земјава.
Вработената во училиштето во текот на учебната 2018/2019 година поттикнала 20 наставници и одделенски раководители да не ги запишуваат учениците како отустни од настава, а на одржаните наставнички совети да изгласаат нивно оценување врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина. Сите се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа”, вработената која ургирала за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „поттикнување“.
Наставниците иако знаеле дека четворицата ученици се одселиле од Македонија, односно не доаѓале на настава во соодветните паралелки, не ги запишувале (евидентирале) учениците како отустни од настава во евиденцијата на паралелките и извршиле фиктивно оценување на учениците за периодот додека биле отсутни и им изготвиле свидетелства.
-Државниот просветен инспекторат до МВР достави Известување според кое на 02, 05, 08 и 12.07.2019 година е извршен вонреден инпсекциски надзор во „Кузман Шапкарев“, по претставка од општина Кисела Вода, при што се констатирани повреда во постапката за водење на педагошката евиденција и документација, како и повреда со неевидентирање на изостаноците на учениците кои биле отсутни подолг временски период, соопштуваат од МВР.