Кривични за лекарите кои дозволиле невработен гинеколог да оперира трудница

by fokus

Битолската полиција поднесе кривични пријави за доктори од Битола, кои на почетокот на годината на невработена докторка-гинеколог и дозволиле да оперира трудница со царски рез во Одделение за гинекологија и акушерство во битолската болница.

МВР информира дека СВР Битола денеска до битолското ОЈО поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Кривична пријава е поднесена и против А. В (33) од Белград, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“ и кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Оттаму додаваат дека по завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 1 јануари 2021 година.

Поврзани новости