345
МВР информира дека вчера полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесоа кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Е.Н.(20) и Н.Н.(28) од Скопје.
Пријавите се поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ член 383 од Кривичниот законик, по што лицата се изведени пред судија на претходна постапка.
На 17.11.2023 околу 13.00 часот на подрачјето на Чаир, Е.Н. и Н.Н. физички нападнале полициски службеник кој вршел службени дејства.
По преземени мерки и активности тие биле лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.