Кривични за четворица малолетници, фалсификувале пари и се обиделе да пазарат со нив

by fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична против три лица на возраст од 17 години од Штип и едно лице на возраст од 16 од село Звегор-делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Во периодот од 27 февруари 2018 до 1 март 2018 година во Скопје во интернат изработиле лажни банкноти во апоени од 100, 200, 500 и 1.000 денари, по што на  4 март 2018 година од 1:30 до 4 часот во Делчево во кабаре две од лицата пуштиле во оптек лажни банкноти во апоени од 500 денари.

Поврзани новости