Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична против О.Л.(49) од Струга и М.К. (58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во текот на 2014 година првопријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗО “Општа болница”- Охрид, издала налог за исплата на фактура за сервисирање на нов апарат-колоноскоп, и покрај тоа што гарантниот рок не бил поминат, додека второпријавената, како финансиски директор на ЈЗО “Општа болница”- Охрид, и покрај тоа што знаела за гарантниот рок, дозволила да биде исплатена фактурата за сервисирање на апаратот.
Со ова пријавените и нанеле материјална штета од 57.947 денари на ЈЗО “Општа болница”- Охрид. Исто така, во текот на октомври 2016 година првопријавената, од фирмата „Уни Медикал” набавила апарат – електрокаутер – за вредност од 3.000.000 денари, иако истиот имал вредност од 900.000 денари, додека тендерот за набавка на наведениот апарат, првопријавената го распишала во март 2017 година.