Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднесени се кривични пријави за тројца италијански државјани и еден албански државјанин, кои лани во декември биле фатени во незаконит лов во Националниот парк Шар Планина.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Џ.(37), Д.Л.А.(56), Д.Л.Р.(19), сите од Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и против А.Н.(60) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, соопшти МВР.
Сппоред полицијата на 12.12.2022, првите тројца пријавени биле затекнати како се движат во теренско возило со италијански национални ознаки на патот над с.Ѓурѓевиште кој води кон каналот Шарски води.
-Притоа, во возилото биле затекнати три ловечки кучиња, а биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и муниција и било констатирано дека се работи за незаконит лов на територијата на националниот парк, во што им помогнал четвртопријавениот во својство на локален водич, соопшти МВР.