Кривични пријави за три лица од кавадаречко: Двајца тргувале со оружје, еден дилал кокаин!

by Fokus

СВР Велес информира дека ОВР Кавадарци поднело две кривични пријави до Основно јавно обвинителство Кавадарци, за два случаи.
Првиот случај се однесува за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи“, а пак вториот случај е за сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

– ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против З.П.(57) и Б.П.(34), двајцата од с. Сирково, општина Росоман, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 18.03.2024, при претрес во нивниот дом и помошни простории во с. , извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, куршуми различен калибар и други предмети, известија за првиот случај од СВР Велес.

За вториот случај, информираат дека се работи за маж на возраст од 51 година, кај кого бил пронајден и одземен кокаин.

– ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.К.(51) од с. Ваташа, кавадаречко, поради постоење на основи за сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 ств 1 од Кривичниот законик.

На 05.10.2024 на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го затекнале пријавениот како во неговото возило користи бела прашкаста материја. Подоцна, бил извршен претрес во неговото возило, дом и помошни простории и хала од работилница, при што бил пронајден и одземен кокаин, информираат од СВР Велес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости