179
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.К.(62) и С.К.(72), двајцата од Охрид, против Т.Л.(79) од охридското село Рамне и Н.П.(52) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“.
Тие, на катарстарски имоти лоцирани во охридското село Рамне, без одобрение за градба и друга соодветна документација и спротивно на Законот за градба, бесправно изградиле хотелски комплекс, деловни објекти и надворешен базен.