Тројца учесници во престрелката кај „Александар палас“ се приведени бидејќи пред инцидентот што се случи во хотелот им се заканувале на полицајците додека ги претресувале и легитимирале. тројцата приведени се дел од четиричлената група кон којашто беше пукано во хотелот и поднесена им е кривична пријава за загрозување на сигурноста на 11 полицајци.
Против четворица
„Во поглед на кривично-правниот настан кој следел во хотелот неколку часа по сега пријавеното кривично дело, од страна на Министерството за внатрешни работи се уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега пријавените лица. Заради обезбедување на присуството на осомничените во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судот поднесе и предлог за определување на мерки за претпазливост за четворицата осомничени: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените“, се вели во соопштението на Обвинителството.