Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на грантови.
Случаите опфаќаат три спорни проекти: „Грин Хојо“, „Фротирка АД Делчево“ и „Тајната на Римјаните – Pinsa Romana“, при што финансиската штета надминува 23 милиони денари.
Постои основано сомневање дека Фондот е оштетен за 4.000.000 денари, затоа што е сторена „злоупотреба на службена положба“ од страна на поранешно ракoводно лице, директорот Фестим Халили. Корисникот иако не ги испочитувал обврските од договорот и правилникот, директорот Халили не го раскинал договорот, а исплатите се етапно завршени. За корисникот Хојо Тек и одговорното лице Дашмир Истрефи има сомневање за сторено казнено дело „измама“.
Од ревизијата на работата на ФИТР, произлезе уште една кривична пријава, исто така против поранешен директор на Фондот, Коста Петров. Во овој случај се работи за проект на Фротирка АД Делчево финансиран од ФИТР, незавршен проект, исплатен, а без никаква соодветна реакција од раководното лице, во случајов, Коста Петров.
Поднесена е кривична пријава и за познатиот случај со рецептот за пица – Тајна на Римјаните Pinsa Romana.