78
Двајца скопјани нападнале полицаец додека вршел работи на безбедноста. Инцидентот се случил на крстосницата од Качанички пат со булевар „Словенија“ во Скопје.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Ф.(60) и О.Ф.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 02.10.2023 на крстосница од Качанички пат со бул.„Словенија“ во Скопје, пријавените физички нападнале полициски службеници“ соопшти МВР.