Кривични и суспензија за поткупот на ГП „Блаце“

by Fokus

Министерството за внатрешни работи информираше дека го расчистиле случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце. Според полицијата, против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе биде поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ, а ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

-Полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството, информираа од МВР.

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Елхам Шкрета, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.

Поврзани новости