428
Жител на Вевчани, вработен во шумското стопанство „Јабланица“ доби кривична пријава поради „злоупотреба на службената положба“, пренесува МВР.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.П.(44) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, на 19.07.2019, во својство на референт во шумското стопанство „Јабланица“, ставил жигови на 19 просторни метри букови дрва, иако знаел дека потекнуваат од нелегална сеча. Со таквото дејствие му овозможил на друго лице да се стекне со противправна имотна корист од 28.652 денари“, додаваат од МВР.