716
Радовишката полиција поднесе кривична пријава против угостителски објект којшто на 6 септември, пред повеќе од еден месец, органзирал матурска прослава.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против фирма од Радовиш и Л.П.(44) од Радовиш, сопственик и управител во фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од МВР.
На 6 септември полицајци извршиле контрола во угостителски објект на фирмата и констатирале дека на летната тераса била организирана матурска прослава, спротивно од член 12 од Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана.